Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Историјат
Историјат
Судовите во Република Македонија меѓу кои и Основниот суд Берово се основани со Повелба на Президиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија од 31.03.1945 година. Оваа повелба е првиот законодавен акт на првиот законодавен орган создаден во текот на НОБ, со кој е утврдено постоењето на 25 општински судови, три обласни суда и Врховниот суд на РМ. Оваа повелба е камен темелникот на судството во Р Македонија.
Општинскиот суд во Берово почнал со работа во месец мај 1945 година под името Околиски суд со седиште во Берово. Околискиот суд во Берово работел на територијата на Беровска околија се до 1-ви мај 1952 година. Прв претседател на судот е судијата Асен Кртев роден во Титов Велес.
Во 1952 година е донесено решение со кое се укинуваат судовите во Берово и Делчево и се формира еден суд со седиште во Пехчево, бидејќи е создадена една околија за територијата на Берово, Пехчево и Делчево со седиште во Пехчево.
Околискиот суд во Пехчево работел кратко време и тоа до ноември 1952 година. Седиштето на судот се враќа повторно во Берово и ја опфаќа територијата на Берово, Пехчево и Делчево. Судската зграда била сместена на главната улица “Маршал Тито“ во Берово во зградата на сегашниот Музеј на град Берово.
Во есента 1955 година со решение е формиран суд во Делчево, а Околискиот суд во Берово работи само на територијата на општините Берово и Пехчево.
Согласно Уставот од 1963 година судскиот систем го сочинувале судови од општа надлежност (во кои спаѓаат општинските судови) и специјализирани судови. Со законот за подрачјата на општинските и окружните судови од општа надлежност во СР Македонија, за територијата на Берово и Пехчево е основан Општинскиот суд во Берово и истиот бил сместен во старата Судска зграда на улицата “Маршал Тито“ во Берово се до 1980 година.
Со донесувањето на Законот за судови во 1995 година судот е преименуван во Основен суд-Берово формиран за подрачјето на општините Берово и Пехчево и истиот е суд со основна надлежност. Судот од 1990 година е сместен во новоизградена современа зграда на ул. “Кеј Маладина“ во Берово.
Досегашни претседатели на судот биле:
-Сулемани Сулеман од Делчево,
-Асен Клетнички од с.Негрево-Пехчево,
-Благој Скулов од Пехчево,
-Васил Каширски од Берово,
-Александар Соколовски од Берово,
-Данка Бубевска од Берово,
-Јован Чичаковски од Берово,
-Голубинка Козовска од Берово актуелен претседател
  • ОСНОВЕН СУД БЕРОВО - НАДЛЕЖНОСТИ
  • Судска Зграда
  • Годишни Извештаи
Надлежност
Закон за судови(Службен весник на РМ бр.58/06)
Согласно член 28 став 1 точка 1 од Законот за судови Основниот суд во Берово е основан за подрачјето на општините Берово и Пехчево.
Согласно член 30 од Законот за судови:
Основните судови со основна надлежност за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат во прв степен по кривични дела и прекршоци и тоа:
-за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд;
-за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност;
-да спроведуваат истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
-за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација или друг орган што врши јавни овластувања и
-за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.
2)Основните судови со основна надлежност се надлежни да одлучуваат во прв степен по граѓански спорови и тоа:
-за спорови во имотно-правни и други граѓанско правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до 15.000евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
-за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
-за законска издршка,
-за чување и воспитување на деца,
-за смеќавање на владение,
-за доживотна издршка,
-за надоместок на штета која не надминува 15.000 евра во денарска противвредност,
-во постапка за обезбедување и извршување,
-за работни односи,
-во спорови од наследно-правни односи,
-во вонпарнични и оставински работи,
-да водат тапии и
-за други работи утврдени со закон
Структура на судска зграда
Приземје

На приземјето се сместени судската полиција, телефонската централа, шалтерот за приемно одделение, прекршочна писарница, граѓанска писарница и кривична писарница и тоа:
-Приемно одделение
-Граѓанско одделение
-Прекршочно одделение
-Кривично одделение
-Извршно одделение
-Судница

I Кат
На првиот кат се сместени кабинетот на Претседателот на судот-кабиент бр.1, судиските кабинети од 2 до 6, стручните сорботници, Извршителот на прекршочни санкции, дактилобирото и судницата