Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Одлуки на Основниот Суд Берово

23.11.2012   Малв.П.бр.41/2012 година

 

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА



ОСНОВНИОТ СУД ВО БЕРОВО, како првостепен граѓански суд составен од судијата Фимка Капушевска како судија поединец, со записничарот Билјана Буровска, решавајќи по правната работа на тужителката Ј.П. од П., против тужениот Е.Л.С Општина – П., за долг, вредност на спорот 106.631,00 денари, по одржаната, главна, јавна и усмена расрпава, во присуство на тужителката, нејзиниот полномошник адв. Л.П. од С.Н. и полномошникот на тужениот адв. Д.Ш., денес на ден 19.10.2012 година, ја донесе и објави, следната,-



П Р Е С У Д А


Тужбеното барање на тужителката Ј.П. од П., против тужениот ЕЛС Општина П. - П. СЕ УСВОЈУВА.


СЕ ЗАДОЛЖУВА тужениот да и исплати на тужителката вкупен износ до 106.631,00 денари на име надоместок за присуство и учество во работа на Советот на Општина – П. за период од м.Октомври 2010 година до м.Јуни 2012 година со законска казнена камата во висина на референтната стапка на НБ на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, сметано од 15- ти наредниот месец за тековниот месец на поединечни месечни износи и тоа:

- за м.Октомври 2010 година износ од 7.983,00 денари,

- за м.Ноември 2010 година износ од 7.983,00 денари,

- за м.Декември 2010 година износ од 7.983,00 денари,

- за м.Февруари 2011 година износ од 8.221,00 денари,

- за м.Март 2011 годиан износ од 8.221,00 денари,

- за м. Јуни 2011 година износ од 8.221,00 денари,

- за м. Август 2011 година износ од 8.221,00 денари,

- за м.Октомври 2011 година износ од 8.221,00 денари,

- за м.Декември 2011 година износ од 8.221,00 денари,

- за м.Јануари 2012 година износ од 8.339,00 денари,

- за м.Март 2012 година износ од 8.339,00 денари,

- за м.Април 2012 година износ од 8.339,00 денари,

- за м.Јуни 2012 година износ од 8.339,00 денари, како и да и плати 18.930,00 денари парнични трошоци, се во рок од 8 дена од приемот на пресудата.


О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е



До овој суд тужителката Ј.П. преку својот полномошник адв. Л.П. поднела тужба против тужениот ЕЛС Општина П., за долг. Во тужбата наведува дека на Локалните избори во 2009 година како избран член на Советот на Општина - П. согласно Одлуката донесена од Советот од 09.11.2009 година и Одлуката за извршувањето на Буџетот на општината утрдено е дека советниците имаат право на надомест за присуство на седница на Советот во висина од 40% од просечната нето плата исплатена во РМ во претходната година. Тужениот на тужителката и исплатил месечен надоместок со Септември 2010 година а од м.Октомври 2010 година до Јуни 2012 година согласно присуството на одржаните седници во вкупен износ од 106.631,00 денари не и е исплатен. Бидејќи тужениот одбива да го исплати надоместокот предложи до судот да се задолжи тужениот да и исплати на тужителката вкупен износ до 106.631,00 денари на име надоместок за присуство и учество во работа на Советот на Општина – П. за период од м.Октомври 2010 година до м.Јуни 2012 година со законска казнена камата во висина на референтната стапка на НБ на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, сметано од 15- ти наредниот месец за тековниот месец на поединечни месечни износи, како и да и плати трошоците по постпаката.

Во писмениот одговор на тужбата, тужениот преку оолномошникот адв. Д.Ш. наведе дека е неспорно дека членовите на Советот на оптпшината за присуството на седниците на Советот кој ги одржувал им е определен надоместок и истиот се исплатува за месецот во кој е одржана седница. Според вештиот наод од извршеното финансиско вештачење дел од надоместокот е исплтатен, но поради неликвидност и блокирана сметка на општината неисплатениот дел на надоместокот не е исплатен и на останатите советници бидејќи нема финансиски можности, а ќе биде исплатен штом се создадат можности. Став е на мнозинството на советници да се сочека да не се тужи, како не би створиле дополнителни финансиски оптоварувања. Поради финансиските потешкотии и блокираната сметка на општината Основниот суд - Берово има определено одреден паричен износ кој се изема од присилните наплати. Бидејќи ваквиот надомест ќе биде исплатен на сите советници предложи тужбеното барање да се одбие и тужителката задолжи со трошоците.

Во доказната постапка на главната расправа судот изведе доказ со читање на достава на наод имислење за финасиско вештачење од овалстен судски вештак В.К. од 29.06.2012 година, одлука за извршување на Буџетот на Општиан – П. за 2011 годиан издадено од Совет на Општина- П. бр.07-126/1 од 24.12.2010 година, известување од Единица на локална самоуправа на ОПштиан – П. до вешто лице В.К. бр.03-844/1 од 25.06.2012 година, одлука за надомест на советниците за присуство и учество на работа во советот донесена од СО-П., бр.07-234/1 од 09.12.2009 година, одлука за надомест на советниците за присуство и учество за работа во Советот од СО-П. бр.0701-234/1 од 09.12.2009 година, решение ППНИ бр.21/12 од Основен суд - Берово од 02.04.2012 година, уверение за избран член на Оштинска изборна комисија при СО – П. бр.07-259/1 од 02.04.2009 година.

Од напред изведените докази судот ја утврди следната фактичка положба:

Врз основа на резултатите од Локалните избори за членови на Советот на Општина – П. одржани на ден 22.03.2009 година тужителката Ј.П. е избран за член на Советот на Општина – П..

За присуство на одржаните седници тужителката како советник ја следува надоместок чија висина е утврдена со Одлука на Советот на Општината на седницата одржана на ден 23.11.2009 година кој изнесува 40% од просечната нето плата исплатена во РМ во претходната година. Во истата одлука во чл.3 е наведено дека месечниот надоместок за членовите на советот се исплатува за присуство на најмалку една седница на советот во тековниот месец.

Според евиденцијата во финансиската документација кај тужениот на тужителката месечниот надомест за присуство на седница на совет и е исплатен заклучно со м.Септември 2010 година. По тој месец тужителката присуствувала при одржувањето на седниците на советот и не и е исплатен надоместок и тоа за одржана седница на 28.10.2010 година износ од 7.983,00 денари, за м.Ноември одржана седница на 10.11.2010 година износ од 7.983,00 денари, за м.Декември за одржани седници на 06.12 и 24.12.2010 година износ од 7.983,00 денари, за м.Февруари за одржана седница на 14.02.2011 година износ од 8.221,00 денари,за м.Март 2011 година за одржана седница на 28.03.2011 година износ од 8.221,00 денари, за м. Јуни 2011 година за одржана седница на 22.06.2011 година износ од 8.221,00 денари, за м. Август 2011 година за одржана седница на 25.08.2011 година износ од 8.221,00 денари, за м.Октомври 2011 година за одржана седница на 26.10.2011 година износ од 8.221,00 денари, за м.Декември 2011 година за одржана седница на 26.12.2011 година износ од 8.221,00 денари, за м.Јануари 2012 година за одржана седница на 27.01.2012 година износ од 8.339,00 денари, за м.Март 2012 година за одржани седници на 15.03. и 28.03.2012 година износ од 8.339,00 денари, за м.Април 2012 година одржана седница на 20.04.2012 година износ од 8.339,00 денари, за м.Јуни 2012 година за одржана седница на 14.06.2012 година износ од 8.339,00 денари.

Предната фактичка положба судот ја утврди од изведените докази.

Од напред изведените докази кои судот ги ценеше во смисла на чл.8 од ЗПП, па застана на становиште да тужбеното барање е основано, а поради следното:

Во чл. 45 од Законот за локална самоуправа е предвидено членовите на советот имаат право на надоместок за присуство на седници и надоместок на патните и дневните трошоци , во рамките утврдени со закон.

Согласно чл.1 од Одлуката за надомест на советниците за присуство и учество на работата на Советот е предвидено Советот на Општина - Пехчево донесе одлука надоместокот на советниците за учество во работата на советот да биде во висина од 40% од просечната месечна нето плата во РМ исплатена во претходната година, а надоместокот за патните и дневните трошоци, ќе се исплатуваат според прописите што се однесуваат на државните службеници.

Од писмените докази Уверение за избран член на Совет на Општина – П. бр.07-259/1, Одлука за надомест на советниците за присуство и учество во работата на советот бр.07-234/1 од 09.12.2009 година и известување од Градоначалник на ОПштина – П. бр.03-844/1 од 25.06.2012 година се утврдува дека тужителката како избран член на Советот на Општина П. во периодот од м.Октомври 2010 година до м.Јуни 2012 година како член на Советот на ОПштина П. присуствувала на седниците одржани во Октомври, Ноември, Декември 2010 година, Февруари, Март, Јуни, Август, Октомври и Декември 2011 година и Јануари, Март,Април и Јуни 2012 година и дека според одлуката ја следува надомест за присуство во висина на 40% од просечната нето плата на РМ во Претходната година.

Од вештиот наод и мислење на вештото лице В.К. дипл. економист судот утврди дека по проверката на книговодствената евиденција тужениот не ја исполнил обврската за исплата на надоместокот на тужителтката за одржаните седници од м.Октомври 2010 година до м.Јуни 2012 година.

Во вештиот наод и мислење вештото лице согласно Одлуката за надомест на советниците за присуство и учество во работата на Општина – П. ја пресметал висината на месечниот надомест за истиот период кој поединечно месечно изнесува - за м.Октомври 2010 година износ од 7.983,00 денари, за м.Ноември 2010 година износ од 7.983,00 денари,за м.Декември 2010 година износ од 7.983,00 денари, за м.Февруари 2011 година износ од 8.221,00 денари, за м.Март 2011 годиан износ од 8.221,00 денари, за м. Јуни 2011 година износ од 8.221,00 денари, за м. Август 2011 година износ од 8.221,00 денари, за м.Октомври 2011 година износ од 8.221,00 денари, за м.Декември 2011 година износ од 8.221,00 денари, за м.Јануари 2012 година износ од 8.339,00 денари, за м.Март 2012 година износ од 8.339,00 денари, за м.Април 2012 година износ од 8.339,00 денари.

Бидејќи обврската за плаќање на надоместокот според одлуката тужениот не ја исплатил и истиот како надомест втасува за тековниот месец во наредниот месец, судот го задолжи тужениот да и исплати на тужителката пресметаниот надомест со законска казнена камата, согласно чл.266-а од ЗОО.

При одлучувањето судот ги имаше во предвид наводите на полномошникот на тужениот дека поради финансиските потешкотии и блокирана сметка тужениот не ги исплатил надоместоците на сите советници за кое нешто приложи и решение ППНИ.бр.21/12 од 02.04.2012 година, но поради тоа судот не можеше да го одбие тужбеното барање, од причини што обврската за надомест за тужениот произлегува согласно Законот за локална самоуправа и Одлуката за надомест на советниците за присуство и учество во работата на Советот.

Судот го задолжи тужениот да и плати на тужителката 18.930,00 денари парнични трошоци кои се однесуваат за состав на полномошно 1.300,00 денари за состав на тужба со паушал 3.900,00 денари, 4.250,00 денари такса за тужба и одлука,2.500,00 денари награда за вешто лице, 4.680,00 денари за застапување на адвокатот на едно рочиште со еден час часовнина и 30% паушал, 1.000,00 денари патни трошоци на релација С.Н. - Б. во висина на автобуската карта и 1.300,00 денари за состав на трошковник, согласно чл.148 од ЗПП. Додека барањето на тужителката да се задолжи тужениот уште за износ од 8.468,00 денари кои се однесуваат во дел за отсуство од канцеларија на адвокатот и во дел за надомест за трошоци за превоз на адвокатот со сопствено возило, судот ги одби како непотребни согласно чл.149 од ЗПП.

ОСНОВЕН СУД ВО БЕРОВО,19.10.2012 година.


     Записничар,                                                                                Судија,

Билјана Буровска                                                                   Фимка Капушевска


ПРАВНА ПОУКА: Против оваа пресуда недоволната странка има право на жалба во рок од 8 дена од приемот на пресудата, преку овој суд до Апелациониониот суд во Штип.


Назад