Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Историјат
Историјат
Судовите во Република Македонија меѓу кои и Основниот суд Берово се основани со Повелба на Президиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија од 31.03.1945 година. Оваа повелба е првиот законодавен акт на првиот законодавен орган создаден во текот на НОБ, со кој е утврдено постоењето на 25 општински судови, три обласни суда и Врховниот суд на РМ. Оваа повелба е камен темелникот на судството во Р Македонија.
Општинскиот суд во Берово почнал со работа во месец мај 1945 година под името Околиски суд со седиште во Берово. Околискиот суд во Берово работел на територијата на Беровска околија се до 1-ви мај 1952 година. Прв претседател на судот е судијата Асен Кртев роден во Титов Велес.
Во 1952 година е донесено решение со кое се укинуваат судовите во Берово и Делчево и се формира еден суд со седиште во Пехчево, бидејќи е создадена една околија за територијата на Берово, Пехчево и Делчево со седиште во Пехчево.
Околискиот суд во Пехчево работел кратко време и тоа до ноември 1952 година. Седиштето на судот се враќа повторно во Берово и ја опфаќа територијата на Берово, Пехчево и Делчево. Судската зграда била сместена на главната улица “Маршал Тито“ во Берово во зградата на сегашниот Музеј на град Берово.
Во есента 1955 година со решение е формиран суд во Делчево, а Околискиот суд во Берово работи само на територијата на општините Берово и Пехчево.
Согласно Уставот од 1963 година судскиот систем го сочинувале судови од општа надлежност (во кои спаѓаат општинските судови) и специјализирани судови. Со законот за подрачјата на општинските и окружните судови од општа надлежност во СР Македонија, за територијата на Берово и Пехчево е основан Општинскиот суд во Берово и истиот бил сместен во старата Судска зграда на улицата “Маршал Тито“ во Берово се до 1980 година.
Со донесувањето на Законот за судови во 1995 година судот е преименуван во Основен суд-Берово формиран за подрачјето на општините Берово и Пехчево и истиот е суд со основна надлежност. Судот од 1990 година е сместен во новоизградена современа зграда на ул. “Кеј Маладина“ во Берово.
Досегашни претседатели на судот биле:
-Сулемани Сулеман од Делчево,
-Асен Клетнички од с.Негрево-Пехчево,
-Благој Скулов од Пехчево,
-Васил Каширски од Берово,
-Александар Соколовски од Берово,
-Данка Бубевска од Берово,
-Јован Чичаковски од Берово,
-Голубинка Козовска од Берово
ГАЛЕРИЈА НА ФОТОГРАФИИ
 
ОДЛУКИ НА ОСНОВНИОТ СУД БЕРОВО
 
Искористете ја формата прикажана подулу за пребарување во базата на одлуки на Основниот Суд Берово.
За подобро филтрирање на резултатите искористете ги и дополнителните полиња за категорија на документот и датум.
 
име или дел од името:
категорија и/или подкатегорија:
датум на донесување на одлуката:
од:   до: